ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Од:

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Според податоците, највисока излезност има во Маврово и Ростуше, каде своето право на глас го искористиле 624 гласачи, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани избирачи.

Во Гостивар гласале вкупно 1.937 гласачи, односно 3,14 проценти; Во Врапчиште – 834 гласачи или 3,02 проценти; Во Центар Жупа – 168 гласачи или 2,22 проценти од вкупниот број запишани гласачи.

Во споредба со изборите од 19 октомври минатата година до истиот час, од ДИК информираат дека е зголемена излезноста само во Врапчиште, и тоа за 0,48 проценти, додека во другите општини, како што велат, излезноста е намалена.

– Во споредба со изборите од 19 октомври 2025 година до истиот час, излезеноста е зголемена во Врапчиште за 0,48 процентни поени, додека во другите општини е намалена: Гостивар за 1,96, Ц

Би можело да ве интересира

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски