ДИК: Одѕивот до 13 часот 24,44 отсто

Од:

Одѕивот на гласањето во вториот круг од локалните избори до 13 часот, според ДИК, е 24,44 отсто, а на гласање излегле 259.059 граѓани.

Во Скопје одѕивот е 19,69 отсто, односно на гласање излегле 85.886 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Во вториот круг на локалните избори се гласа за градоначалник во 29 општини и Градот Скопје, а се прегласува во три изборни единици во Струмица и во една во Долнени.

Одѕивот во овој круг во споредба со првиот круг од гласањето на локалните избори до 13 часот е помала. Пред две недели до 13 часот на гласање излегле 34,89 отсто од граѓаните во земјава, а во Скопје одѕивот изнесуваше 31,14 отсто.

Според портпаролката на ДИК Билјана Јовановска најголем одѕив во 13 часот има во Лозово 46,33, општина Дебрца, 46,06 отсто, Кочани 40,78, Богданци 40,30, Струмица 38,96, Берово 36,94, Струга 33,08, Битола 29,37, Велес 27,96, Куманово 25,27, Гостивар 21,80, Тетово 20,39. Најмал одѕив има во општината Сарај 4,34 отсто и во Шуто Оризари каде на гласање излегле 11,33 отсто.

Во скопските општини, во Центар одѕивот е 32,45 отсто, во Ѓорче Петров 29,72, Карпош 24,71, Бутел 18,63 и во Чаир 14,7.

Следната прес-конференција на ДИК е во 18 часот за одѕивот до 17 часот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември