ДИК: Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20.30 часот гласале 7.935 гласачи

Од:

Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20.30 часот гласале 7.935 гласачи. Од вкупно 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18.30 часот гласале 1.400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.

– Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, се наведува во соопштението.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица не се објавуваат денеска посебно.

– Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денес. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19: 00 часот, за секое избирачко место и секоја општина, стои во соопштението од ДИК.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар