А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК: Од утре до 19 август пријавување на спорните гласачи

by А1он25/07/2016 - 18:43162
Share0

На веб-страницата на Државната изборна комисија утре ќе бидат објавени имињата на 39.502-та гласачи кои се сметаат за спорни во избирачкиот список. Тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи, а пријавувањето ќе биде електронски преку специјална апликација на веб страницата на ДИК или лично во подрачните единица на ДИК и во канцелариите на Управата за водење на матични книги.

Добивај вести на вибер

ДИК утре ќе објави јавен повик за пријавување на гласачите во земјава, а преку Министерството за надворешни работи повикот ќе биде објавен и во дипломатско конзуларните претставништва. До спорните гласачи ќе биде испратено и писмо преку кое ќе се информираат за потребата од пријавување.

Заклучно со 19 август, пријавувањето ќе може да се врши секој ден во периодот од 8:30 до 19 часот. По истек на овој рок, ДИК ќе има на располагање 10 дена за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.

Како што беше истакнато на денешната седница на ДИК на која беше усвоено упатството за пријавување, спорните гласачи за да се запишат во избирачкиот список ќе треба да приложат важечка лична карта или пасош доколку тоа го прават лично или, пак, да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош доколку тоа го прават по електронски пат на посебната апликација на веб-страницата на ДИК.

Претставници на четирите политички партии ќе го набљудуваат процесот и доколку се случат нерегуларности имаат право да ги пријават во ДИК во рок од 24 часа.

dik

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Горан Наумовски11/01/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен