ДИК: Од пријавените 142 болни гласачи на изборите во Штип и Пласници, гласале 136

Од:

На предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница во текот на денешниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни или во куќен притвор и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

– Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас, се наведува во соопштението на ДИК.

Гласење е спроведено во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени двајца гласачи кои се од општина Штип, од кои само едниот го оствари своето право на глас.

На гласачките места во казнено поправните установи своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил своето право на глас.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште