ДИК од општините побара услови за изборните комисии, 14 септември краен рок за листи на кандидати

Од:

Државната изборна комисија се обратила до сите општини да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии заради непречено организирање и спроведување на Локалните избори на 15 октомври 2017 година.

ДИК ги известила сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до 11 август 2017 година јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а дека најдоцна до 25 август 2017 општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

– Исто така, Државната изборна комисија ги извести општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија, соопшти ДИК.

Потсетува дека денеска (11 август 2017) е крајниот рок до кога печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

ДИК во известувањето нагласува и дека согласно со Роковникот за извршување изборни дејствија, 14 септември 2017 година е крајниот рок за поднесување листи на кандидати за Локалните избори 2017, а не 9 септември како што објавиле дел од медиумите.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто