ДИК не прифати ниту еден од приговорите на ДУИ, ГРОМ и ДПА

Од:

На денешната седница на ДИК не беше прифатен ниту еден од 12-те поднесени приговори за неделното гласање на предвремените парламентарни избори. Членовите на Комисијата се очекува на друга седница да утврдуваат индивидуална одговорност за учесници кои го прекршиле изборниот процес, а што би можело да произлезе од поднесените приговори.

ДУИ имаше два приговори за гласањето во Тирана и воопшто за гласањето на дијаспората. Дел од членовите на Комисијата сметаа дека треба да се унапреди изборниот процес во дијаспората, за што треба да се изготват законски измени, но мнозинството од нив не го прифати барањето за поништување на гласањето. Потенцираа дека направиле се што е можно за да обезбедат нормални и фер избори во дијаспората.

ГРОМ бараше поништување на гласањето во четири избирачки места поради прекршување на тајност на гласањето и гласање на едно лице за друго. Членовите на ДИК сметаа дека нема основи за поништување на гласањето бидејќи во приговорите нема доволно докази.

ДИК исто така не ги прифати ниту шесте приговори на ДПА. Партијата ги поднесе приговорите поради, како што истакна нивниот претставник, нарушена тајност, групно, семејно и гласање на едно лице во име на други.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас