ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

Од:

– ДИК информира дека точно во 19:00 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на Локалните избори 2025 година. Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, изборите беа спроведени согласно Изборниот закон и на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, информира претседателот на ДИК Борис Кондарко.

Од вкупно 97,60 проценти обработени избирачки места, излезеноста изнесува 45,71 процент на ниво на цела држава или гласале вкупно 325. 691 граѓани, од вкупно 1.013.357 запишани во избирачкиот список. За Град Скопје одѕивот до 18:30 часот изнесува 33,82 проценти.

– Од 19 часот избирачките одбори пристапуваат кон отворање на гласачките кутии и броење на гласачките ливчиња. Конечната излезеност ќе се знае по 23:00 часот кога ќе биде одржана последната прес-конфернеција за соопштување на целосните првични неофицијални резултати, добиени по електронски пат од секое избирачко место, информира Кондарко.

ДИК, како што рече Кондарко, со неколку свои тимови овластени лица од ДИК ќе го набљудува непосредно броењето на резултатите и составувањето на записниците во повеќе избирачки места во различни општини.

Би можело да ве интересира

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249