ДИК на прес ќе соопшти до каде е чистењето на Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија денеска, според најавите, на јавна седница ќе соопшти кои се резултатите од теренската проверка, и кои се следните чекори Ќе се разгледува извештајот од вкрстените, теренските и административните проверки за ажурирање на Избирачкиот список,.

Aдминистративната проверка, во МВР и во Министерството за правда, на повеќе од сто илјади спорни гласачи, требаше да биде завршена на 31 март. Теренската проверка требаше да заврши до 3 април. На 17 април прочистениот избирачки список треба да биде ставен на увид.

Прочистувањето на избирачкиот список, поточно неговото ставање на јавен увид, е поврзано со датумот на распишување на изборите. На полноќ треба да стапи во сила Одлуката за распуштање на парламентот. Претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски, најави можно одложување на чинот на распишување на изборите за да се добие дополнително време за прочистување на избирачкиот список.

По разни основи со вкрстување на податоците од 10 бази на државните институции, беше констатирано дека во избирачкиот список има околу 300.000 спорни записи. Државната изборна комисија одлучи за околу 90.000 записи да направи теренски проверки, а другите записи се проверуваа административно.

Денеска Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи прес конференција, на која ќе го презентира вториот извештај од досегашното спроведување на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“, кој предвидува сеопфатно набљудување на периодот пред распишувањето на предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски