ДИК: На изборите в недела со мастило ќе се обележува левиот палец на гласачите

Од:

На претстојното гласање на вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори на 27 април гласачите ќе бидат обележани со мастило на палецот од левата рака, соопшти денеска Државната изборна комисија.

За таа цел ДИК  донела посебно Упатство за гласање, кое заради непречена реализација на изборите, е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство.

На гласањето на првиот круг од претседателските избори на 13 април, гласачите кои гласале беа обележани со мастило на палецот од десната рака. 

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија