ДИК: Констатиран напредок во создавањето услови за остварување на правото на глас на лицата со попреченост

Од:

Во Државната изборна комисија денеска беа презентирани наоди од мониторингот на гласањето на лицата со попреченост на парламентарните избори во 2020 година, при што е констатиран напредок во создавањето на услови за овие лица да го остварат своето право на глас.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски истакна дека Комисијата е должна да обезбеди пристапност до избирачките места на лицата со поинакви способности, определува локации на територијата на Републиката на кои се означени избирачките места каде што се остварува правото на гласање.

– Овие локации треба да ги исполнуват основните услови за лично, слободно и тајно право на глас на избирачите и следствено на тоа истите треба да се адаптираат за пристап на лицата со поинакви способности. Меѓународните стандарди за човекови права, прокламираат права за сите луѓе без каква било дискриминација, рече Даштевски.

ДИК, потсети тој, во соработка со МТСП и здруженијата на граѓани, со поддршка на ИФЕС и ОБСЕ ја спроведе оваа проверка и проценка на избирачките места за да ја согледа фактичката состојба од аспект на пристапност на лицата со поинакви способности.

– Добиените резултати треба да послужат како основа за преземање на соодветни активности во зависност од надлежноста на учесниците во проектот за надминување на постоечките пречки за пристапност и долгорочно надминување на пречките во објектите од јавен карактер, кои ги користат граѓаните, додаде Даштевски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека институциите и политичарите имаат обврска да обезбедат еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот и да го гарантираат нивното право на глас.

– Неспорно е дека бројни други проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост при реализација на политичките права остануваат отворени во моментот, но факт е дека голем дел од нив не се предмет на Изборниот законик, туку на практиката и организацијата на гласањето. Една од нив, согласно меѓународните обврски, е обезбедувањето на целосна пристапност на процесот на гласање за лицата со попреченост. Оваа обврска е нешто што сериозно треба да биде сфатено од страна на ДИК, избирачките одбори и локалната власт, имајќи предвид дека исполнувањето на оваа препорака, пред сè е предмет на организација и е во нивни раце, потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда истакна и дека со претстојниот попис, меѓу другото, ќе се добијат релевантни информации и за лицата со посебни потребни, односно со каков вид на тешкотии се соочуваат, дали користат помагала или помош од друго лице. Според него, сите овие информации ќе бидат повеќе од корисни при креирањето на сите мерки и политики, со кои ќе им се олесни животот на овие наши сограѓани и дополнително, ќе се гарантира нивното учество во сите аспекти на политичкиот живот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска порача дека со своето претходно политичко искуство во Собранието, може да констатира дека многу работи се придвижени во однос на правата на овие лица. Според Шахпаска, од запишаните во Избирачкиот список приближно еден милион и 800 илјади гласачи, околу 270.000 се лица со попреченост.

– Тоа е една многу сериозна бројка која што има свои права и потреби. Ние како одговорни институции секако дека треба да одговориме, рече Шахпаска.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј истакна дека еднаквиот пристап до гласање е фундаментално право на сите, но оти не сите граѓани со посебни потреби во земјата ги уживаат тие права.

Според Галовеј, лицата со попреченост во земјата се соочиле со непристапни избирачки места и недостапни медиуми, а учеството како набљудувачи е прв чекор кон тоа дека и тие се активни граѓани.

Таа ги повика институциите да го искористат Извештајот за унапредување на состојбата со лицата со посебни потреби, констатирајќи дека сепак е забележан напредок во однос на остварување на правото на глас.

Галовеј ги повика и политичките партии да работат на тоа да бидат подостапни за лицата со попреченост, да ги охрабрат да учествуваат во креирање на нивните програми и нивните активности.

Благица Димитровска од Инклузива, истакна дека на последните парламентарни избори имало 67 лица со попреченст кои ги набљудувале изборите на 201 гласачко место во 28 општини.

Во однос на пристапноста до објектите, од 201 избирачко место, паркинг имале само 70 отсто, а обележан паркинг само 17 отсто. Дури 76 отсто имале скали, а само на 45 имало рампи, од кои најголем процент не ги задоволувале потребите на лицата со попреченост. Во над 70 отсто од набљудуваните избирачки места, лицата со попреченост немале пристап. Тоа, според неа, не е променето во однос на претходнните претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино