ДИК: Конечните резултати најдоцна до 19 часот

Од:

Конечните резултати и симулацијата на освени пратенички мандати се очекува Државната изборна комисија да ги објави најдоцна до 19 часот. Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска вели дека во моментов се врши примопредавање на материјали и оригинални записници од општинските изборни комисии на ДИК по што треба да ги верификува.

Во просториите на комисијата се уште има претставници на комисиите кои чекаат да го предадат доверливиот материјал. Рокот за приговори е 48 часа по објавувањето на првичните резултати, односно од објавувањето на последната прес конференција која беше оддржана во 3 часот по полноќ.

Според досегашните објавени резултати, бројчаникот на ДИК застана на 99,7 проценти од 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места.

Од ДИК истакнаа дека во Клубот на Пратеници се примаат сите изборни материјали од Општинските изборни комисии и дека тој објект ќе биде под полициска заштита се додека не заврши целосното примопредавање на материјалите.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас