ДИК: Кондарко не може сам да донесува одлуки

Од:

Државната изборна комисија како неосновани и неточни ги оценува обвинувањата за кочење на работата на ДИК при прочистувањето на Избирачкиот список од страна на претседателот Борис Кондарко.

–  Во услови кога мнозинството членови во ДИК го имаат партиите од власта, апсурдно е да се тврди дека претседателот на ДИК има каква било можност да ја кочи работата на овој колективен орган, ниту пак може самиот претседател да донесува одлуки, да го надгласува мнозинството или да спречува нивни иницијативи, се вели во соопштението од ДИК.

Во моментов, се посочува, од страна на ОБСЕ-ОДИХР се ангажирани експерти кои ќе дадат свои анализи и препораки во врска со Избирачкиот список. За тоа претходно е склучен Меморандум за соработка со ДИК.

Од ДИК потсетуваат дека од 2012 година, во континуитет функционира Работната група за проверка на Избирачкиот список, формирана од Управувачкиот комитет на високо ниво при Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

– Со оваа група претседава членот на ДИК Бедредин Ибраими, а  во нејзината  работа учествуваат   претставници на министерствата за внатрешни и за надворешни работи, за правда, Државниот завод за статистика, Комисија за заштита на лични податоци, Мост, ОБСЕ, Амбасадата на САД и ЕУ. Работната група секогаш заседава јавно, пред медиумите, посочуваат од ДИК.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник