ДИК ќе врши избор на членови на Изборната комисија на Скопје

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се случаен избор на членови на изборната комисија на градот Скопје и разгледување на барања за неприфаќање извршување на должност членови на Општинска изборна комисија (ОИК).

Комисијата треба да изврши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик – член на Изборната комисија на градот Скопје, да ги разгледа барањата за неприфаќање извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член Општинска изборна комисија, а потоа и да се изврши случаен избор за членовите чии барања ќе бидат прифатени.

На дневен ред на оваа седница е и Првиот седмичен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште