ДИК ќе расправа за измена на роковникот за референдумот

Од:

Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која треба да ја разгледа и усвои Предлог Одлуката за изменување на роковникот, бр. 12-1402/1 од 01.08.2018 година, за извршување на дејствијата за спроведување на есенскиот референдум за Договорот со Грција.

Меѓу прашањата на дневен ред се и разгледување и усвојување на Предлог Финансиски план за распределба на средства за референдум на државно ниво, на Предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година, како и на Предлог Известувањето за постапките за спроведување на јавните набавки.

Треба да биде разгледана и усвоена и Предлог Одлуката за утврдување на потреба од формирање помошни тела на ДИК за спроведување на референдумот, како и Предлог Програмата за задолжителна едукација на изборните органи – општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори во ДКП-та.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски