А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК ќе одлучува за последниот приговор за изборите

by А1он17/12/2016 - 09:53105
Share0

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе ја продолжи седницата на која треба да биде разгледан и да се одлучува за последниот приговор на Коалицијата предводена од СДСМ. 

Добивај вести на вибер

Досега, ДИК прифати само еден приговор од движењето Беса и поништи гласање на едно избирачко место во Гостивар. Отфрлени се пет приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум од Движењето Беса. СДСМ, пак, вчера повлече два поднесени приговори. 

Со шест гласа „за“ и три „против“, вчера Комисијата го усвои приговорот од движењето Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.  

Одлуката е донесена откако до ДИК беше приложен извештај од графолог, според кој утврдено е дека некој друг гласал во име на посочениот гласач и се потпишал во изводот од Избирачкиот список.

Со прифаќањето на приговорот се поништува гласањето во ова избирачко место. Гласањето ќе се повтори ако Управниот суд го потврди решението на ДИК доколку некоја од партиите и коалициите учесници на изборите во Изборната единица 6 го оспори решението на Комисијата до судот. Според пресметките, прегласувањето на ова избирачко место би можело да има влијание на изборниот резултат.   

Синоќа ДИК отфрли приговор за избирачкото место 2016 во Теарце, откако по увидот во целокупниот избирачки материјал во ова избирачко место беше констатирано дека тој во целост се совпаѓа со она што е утврдено од избирачкиот одбор. 

При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Според најавите од ДИК, синоќа требаше до партиите да бидат доставени решенијата за приговорите за кои веќе е донесена одлука и да почнат да течат роковите за тужби до Управниот суд. 

Седницата синоќа беше прекината поради тоа што во салата каде што се расправа се слушаа звуци од испукани петарди. Пред зградата каде што се наоѓа седиштето на Комисијата, и синоќа беа собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи. 

dik

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Горан Наумовски11/01/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен