ДИК ќе одлучува дали да ги врати бонусите за изборите

Од:

Државната изборна комисија по реакциите во јавноста денеска на јавна седница ќе одлучува дали ќе ги повлече бонусите кои што ги поделиле за изборите.

Како што соопшти вчера ДИК, одлуките за надоместок се донесени согласно со закон и врз основа на позитивните законски прописи, меѓутоа поради повикот на јавноста, членовите на Државната изборна комисија на јавна седница ќе расправаат по предлог-одлуката за отповикување на донесените одлуки за определување надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.

„Одлуките за надоместок на изборната администрација се носени врз основа на одговорноста, сложеноста и обемот на работните задачи и врз основа на извештаите за работа на избората администрација“, е ставот на ДИК.

Американскиот амбасадор Џес Бејли претходно обелодени дека членовите на ДИК по локалните изборите поделиле бонуси во износ од четири месечни плати, додека за предвремените парламентарни избори минатата година си поделиле бонуси во висина од пет месечни плати.

„Едногласно било изгласано во Комисијата, без разлика на партија или етничка припадност. И персоналот вработен во Комисијата добил помали бонуси. Но, гласањето се одржало зад затворени врати, надвор од очите на јавноста“, рече Бејли.

Тој праша зошто луѓето го премолчуваат ова и каде биле собраниските алатки за надзор на работата врз ДИК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа