А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК ќе ја продолжи седницата за приговорите

by А1он16/12/2016 - 09:18111
Share0

Државната изборна комисија напладне треба да ја продолжи седницата за разгледување на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да се произнесе за преостанатите приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ.

Добивај вести на вибер

Досега, ДИК одби три приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум приговори од Движењето Беса. За еден приговор од движењето Беса кој се однесува на избирачко место во Гостивар ДИК побара графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.

Не беа прифатени приговорите на СДСМ за избирачките места 2010 и 2025 во општина Теарце, а по извршениот увид во избирачкиот материјал за избирачкото место 2024 беше утврдено дека бројот на гласови и на неважечки ливчиња соодветствува со бројките во записникот по што и овој приговор беше одбиен.

За приговорот за избирачкото место 2016 беше повикан член на избирачкиот одбор, но по барање на ДИК денеска на седница ќе треба да дојдат и останатите членови на избирачкиот одбор со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Комисијата го разгледа и приговорот за изборното место 2011 каде се тврди дека недостигало едно избирачко ливче и оти е применет т.н. бугарски воз. Со цел да се утврдат фактите, беа сослушани членовите на избирачкиот одбор и на ОИК по што беше направен и увид во избирачкиот материјал каде се бараше записникот направен пред почетокот на гласањето.

Синоќа пред просториите на Државната изборна комисија додека траеше седница се собраа граѓани да изразат протест за како што посочија, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи. Пред собраните се обратија претставници на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на седницата, се разотидоа.

dik

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Предраг Петровиќ12/11/2025 - 16:44

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски06/11/2025 - 11:2306/11/2025 - 13:23

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 18:4702/11/2025 - 18:48

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 10:0802/11/2025 - 11:59

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 15:58

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

Горан Наумовски31/10/2025 - 14:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен