ДИК ќе ја почитува забраната и ќе ги повлече избирачките списоци од интернет

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на јавна седница одлучи да постапи по барањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци да ги повлече од јавен увид на интернет Избирачкиот список со вкупниот број гласачи како и Списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки кој  опфаќа 89.000 спорни гласачи.

По однос на првото решение (за Избирачкиот список, во кој беше достапна проверка по име и презиме, адреса и место на гласање), донесена е одлука да се поднесе тужба пред Управниот суд со образложение дека повлекувањето на Избирачкиот список е во спротивност на Изборниот законик.

Дирекцијата за заштита на личните податоци ги донесе двете решенија откако по службена должност изврши вонреден инспекциски надзор во ДИК по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница.

Според Дирекцијата, Изборниот законик во членот 55 став 1 предвидува дека личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени во согласност со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните. Но, со овозможувањето електронски пристап до името и презимето и адресата на сите избирачи преку интернет за неодреден период, постои ризик личните податоци да бидат употребени и за други цели.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас