ДИК како филм на Кустурица: Потписот на Фатиме и полиграфот

Од:

Државната изборна комисија наместо да ги расчисти сите недоумици и според факти да изгласа повторно гласање по приговорите, цел ден бара смешни изговори, врз сопствени претпоставки, како да ги оправда како нормални и неважни сите нерегуларности.

Од денешната седница, единствен заклучок е дека во ДИК наместо правна расправа, дел од нив се однесуваат како визионери-мислат и претпоставуваат што се случило.

Соочувањето во ДИК за приговорот на БЕСА за гласачко место во Гостивар, кога жена не можела да гласа зошто некој бил потпишан на нејзино место, испадна како сцена од филм на Костурица.

Поканетите членови од ОИК и Избирачкиот одбор тврдеа дека жената гласала, а тоа го утврдиле откако констатирале дека потписот бил нејзин. На прашање на членот од ДИК, дали провериле со УВ ламба дека гласала, претседателот на избирачкиот одбор кажа дека провериле, ама се утврдило дека има малку, но и дека нема од спрејот.

Во помош му притекна колешката од одборот, која кажа:

-Јас се испрскав во целата рака зошто работев со спрејот, а кога отидев да гласам се плашев дека ќе ме вратат, ама УВ ламбата не покажа дека имам спреј.

Во ДИK беше донесена и жената која гласала.

-Кога отидов да гласам и отидов да се потпишам и ми рекоа дека не можам зашто има потпис. Јас имав желба да гласам, но кога ми кажаа дека не можам се вратив. Имаше друг потпис, не беше мој потпис, рече Фатиме Сулејмани.

Беше донесена гласачката кутијата за да се спореди потписот на Сулејмани од личната карта и од избирачкиот список и утврдено дека потписот не е ист.

Членот на ДИК, Атанас Урумов кажа дека потписот не е сто процентно нејзин, ама таа се потпишала, зошто друг не можел да го знае нејзиниот потпис, и со тоа не било нарушено нејзиното право.

-Фатиме пише во избирачкиот список, Фатиме во личната карта, не треба никој да и го знае потписот, името и е потпис на жената. Од голо око се гледа дека ниту една буква не е иста. Ова е работа за графолог, рече Виолета Дума, член на ДИК.

Силвана Бонева побара полиграф за жената која не гласала, да се види дали лаже или не. По долгата расправа со пет гласа “за“ беше усвоена одлуката за графолошко вештачење на потписот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа