ДИК ја разреши ОИК на Чаир

Од:

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за разрешување на Општинската изборна комисија во Чаир и 13-те избирачки одбори откако беше утврден непосредно од нивна страна поинаков резултат од оној даден со записникот.

Предлогот за разрешување на ОИК и избирачките одбори го даде Бедредин Ибраими, член на ДИК, на што се спротивстави потпретседателот Супхи Јакупи кој смета дека треба да биде разрешен само претседателот на ОИК и по итна постапка да биде именуван нов.

Членовите на ДИК заедно со претседателот Борис Кондарко се согласија дека тие само утврдиле прекршување на постапката односно дека ОИК не постапила според Законот за што е и избрана, но други надлежни органи треба да утврдуваат чија е вината.

Кондарко најави дека ќе бара разрешување и на околу 20-ина избирачки одбори за кои од страна на ДИК беа делумно прифатени приговорите и е донесена одлука за дисциплински постапки.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“