ДИК: Излезноста на парламентарните избори 53,12%, а на претседателските 45,34% до 17 часот

Од:

Одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12 отсто, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезност на гласачите за вториот круг од претседателските избори, според податоците што ги соопшти потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи, има во Новаци – 71,89 отсто, а најмала во Желино 9,03 отсто.

Во однос на изборните единици и гласањето за предвремените парламентарни избори најголема е излезноста во ИЕ 4 60,82 отсто, во ИЕ 3 – 60,11, во ИЕ 1 – 54,32, во ИЕ 5 51, 24, во ИЕ 2 49,24 и во ИЕ 6 – 43,63 отсто.

Според избирачкиот список, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија