ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Од:

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто.

– Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори, рече Кондарко на прес-конференција.

По општини, до 9 часот најголема е излезеноста во Пробиштип 9,5, по што следуваат Лозово 8,36, Ранковце 8,12, Демир Капија 7,16, Дојран 6,78, Росоман 6,28, Зрновци 5,67, Брвеница 5,33, Чучер Сандево 5,32, Македонска Каменица 5,01, Македонски Брод 4,97, Дебарца 4,63, Неготино 4,52, Валандово 4,46, Могила 4,39, Долнени 3,87, Кочани 3,13, Тетово 2,51, Студеничани 2,26, Куманово 2,13, Боговиње 1,83, Дебар 1,45 отсто.

Во скопските општини излезеноста во Кисела Вода изнесува 3,54, Карпош 3,08, Аеродром 2,78, Центар 2,84, Бутел 2,50 , Ѓорче Петров 2,42, Гази Баба 2,26, Шуто Оризари 1,6, Чаир 1,1 и Сарај 0,72 отсто.

Тој соопшти дека единствено во Дојран на избирачкото место 0385 поради технички пробеми со смарт картица на уред за биометриска идентификација имало мал застој, но проблемот е решен и гласањето тече непрекинато.

Кондарко најави дека во текот на денов ДИК ќе посети определени избирачки места и општински изборни комисии по сопствена проценка и без претходна најава со цел да го набљудува текот на изборите. И по 19 часот тимови на ДИК ненајавено ќе бидат на определени места каде ќе го набљудуваат и броењето на галсовите, со цел поголема транспарентност и увид во работата.

Останува препораката на ДИК дека на процесот на броење може да биде присутен целокупниот состав на избирачкиот одбор.

– ДИК и во текот на денов е во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес од Јавното обвиителство од превентивни причини ако има каква било потреба уште во текот на гласањето или броењето ќе го известуваат. ДИК ќе го достави и доверливиот изборен материјал доколку се јави потреба.

Во вториот круг на локалните избори денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.

Следната прес-конференија на ДИК е во 11:30 часот. Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот, а ококу 23 часот ќе се одржи прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Во Неготино излезеност од 55.07 отсто до 18:30 часот, во Демир Капија 72.64, во Росоман 77.5 проценти

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

Во Неготино излезеност од 46,03 отсто до 17 часот, во Демир Капија 62,71, во Росоман 63 проценти

Излезноста во Куманово до 17 часот е 27, 41 процент

До 11 часот гласале 9, 21 проценти од избирачите на вториот круг од локалните избори

Предраг Петровиќ

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани