ДИК ги усвои измените и дополнувањата на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми и интернет портали за претседателските и парламентарните избори

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 86. седница едногласно ги усвои измените и дополнувањата на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми и интернет портали, за избор на претседател на републиката, како и за избор на пратеници во Собранието.

-ДИК согласно член 76ѓ, во предвидениот рок им достави барање на печатените медиуми, радијата и интернет порталите да достават корегирани ценовници и тие во рок од 72 часа од приемот на известувањето доставија корегирани ценовници, и предлагам реистарот да се смени со овие телевизии – Телевизија ТВ Канал Вис и Телевизија 3 Скопје. Исто така радијата кои ги сменија ценовниците согласно Изборен законик – Радио 99 Скопје, Радио зона М1, Радио Кавадарци, како и интернет поралите Тајмбалкан.цом, инфозона.мк и скопјеинфо.мк. Двата регистри треба да ги измениме со овие дифузери, рече потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, по што тие беа усвоени од членовите на Комисијата.

Членот на ДИК Борис Кондарко, извести дека ДИК ќе ги примени најновите одредби од измените на Изборниот законик, конкретно за правото на глас на лицата кои навршуваат 18 години, односно за важноста на личните документи за идентификација при гласање.

Тој информира дека ДИК денеска на нивната веб страница ќе објави известување во врска со овие измени и тоа, како што рече, ќе биде дел од нивното упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите, според кое ДИК ќе врши задолжителна обука на сите членови на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето, односно кои ќе ја вршат идентификацијата на граѓаните.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на крајот на седницата потсети дека јавниот увид во избирачкиот список се уште трае, и ги повика граѓаните да извршат проверка во избирачкиот список.

Увидот во Избирачкиот список завршува на 18 март, а досега околу 4000 граѓани извршиле проверка.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски