ДИК ги разгледува кандидатските листи кои беа вратени на доработка

Од:

Државната изборна комисија вечерва на седница повторно ги разгледува кандидатските листи на шест политички субјекти кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.

Сите партии и коалиции на кои им беа вратени листите, во текот на денов ги доставиле исправките и се очекува да бидат одобрени од ДИК.

Државната изборна комисија на седницата во саботата вечерта ги прифати кандидатските листи на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на опозициската коалиција предводена од СДСМ, на ДУИ, на ДПА, на ПДП, на ЛП и на Беса.

На доработка беа вратени листите на Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, на Коалицијата „Алијанса за Албанците“, на Левица, на СДПМ и на НДМ.

Овие 13 политички субјекти се пријавија за учество на парламентраните избори на 11 декември и поднесоа кандидатски листи за пратеници до крајниот рок кој истече на 11 ноември на полноќ.

Жребувањето за редоследот на кандидатските листи за изборите треба да се одржи на 20 ноември, а следниот ден почнува предизборната кампања која ќе трае 20 дена.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште