ДИК ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во своите податоци во Избирачкиот список и, доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.

Повикот на Државната изборна комисија граѓаните да проверат дали ги има во Избирачкиот список е обврска на ДИК согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик од 2016 година, соопштуваат од Комисијата.

– Државната изборна комисија е должна на секои 6 месеци јавно да ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена. Исполнувајќи ја оваа своја обврска, ДИК објави јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список: http://www.sec.mk/javen-povik-za-proverka-na-podatocite-vo-izbirachkiot-spisok/​, се вели во соопштението од Комисијата.

Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни.

Јавниот увид може да се изврши на официјалната веб страница на Државната изборна комисија www.mk или во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Наредниот редовен јавен повик ДИК ќе го објави по шест месеци.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште