ДИК ги потврди кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Државната изборна комисија денеска на седница ги потврди кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа за изборните единици 1, 2, 3 4, 5, 6 и седмата изборна единица.

Членовите на комисијата констатираа дека листите не содржат неправилности.

На седницата не присуствуваа членовите предложени од опозициската СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Во однос на кандидатските листи поднесени од страна на НДМ на Јанко Бачев за шест изборни единици и на СДПМ на Бранко Јаневски констатирани се различни неправилности. ДИК ги повика нивните овластени претставници Гоце Дечев Тодев и Лилјана Ивановска во рок од 48 часа  да ги отстранат неправилностите.

Кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 5 јуни во законски предвидениот рок не поднесоа СДСМ, ДУИ и ДПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа