ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Од:

Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати и за 16 општини, за кои беа поднесени приговори до неа, а конечно се завршени изборите за советници во 79 општини и Советот на Град Скопје, односно, вкупно 80 општини. Единствено ќе има прегласување на три избирачки места за избор на членови на Совет во општината Шуто Оризари, каде што на овие три избирачки места, како што посочи на денешната 150 седница претседателот на ДИК, Борис Кондарко, можно е теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.

Согласно конечните резултати кои ги објави ДИК, во општината Аеродром Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 15 мандати, Левица шест, Коалиција за локални избори 2025, предводена од СДСМ пет мандати, движење ЗНАМ еден мандат, во Богданци Коалицијата, предводена од СДСМ шест, а Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет мандати, во Босилово Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ десет, а Коалицијата, предводена од СДСМ пет мандати, во Бутел Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ девет, Националната алијанса за интеграција четири, ВЛЕН четири, Коалицијата, предводена од СДСМ еден и Левица еден мандат.

Во Велес Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ 16, Коалицијата, предводена од СДСМ, три, Левица три, ЗНАМ еден, во Виница Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ девет, Коалицијата, предводена од СДСМ шест мандати, во Гази Баба Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ 17, Коалицијата, предводена од СДСМ четири, Левица четири, ВЛЕН еден и НАИ еден, во Гостивар НАИ 12, Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет, ВЛЕН три, Демократската партија на Турците во Македонија два мандата, Коалицијата, предводена од СДСМ еден, во Долнени Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, ДПТМ три, ВЛЕН два, НАИ два, Искуство за успех еден, ЗНАМ еден, Движење за национално единство на Турците еден, Група избирачи Сафет Реџоски еден мандат и група избирачи Раим Кера еден мандат.

Во Карпош Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ 11 мандати, Левица четири, Искуство за успех четири, СДСМ четири, Група избирачи Татјана Чакулев три и ЗНАМ еден мандат, во Кичево Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ осум, НАИ пет, ВЛЕН три, Група избирали Куитм Касами два мандата, Коалицијата, предводена од СДСМ еден мандат, во Кривогаштани Коалицијата, предводена од СДСМ пет, Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет и Левица еден мандат. Во Прилеп Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ 17, Коалицијата, предводена од СДСМ шест, Левица три и ЗНАМ еден мандат, во Ресен Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ девет, Коалицијата, предводена од СДСМ три, ВЛЕН еден, НАИ еден и ДПТМ еден мандат. Во Чаир, ВЛЕН 14, НАИ 11, Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ еден и ДПТМ еден мандат и во Чашка НАИ шест, Коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ три и Коалицијата, предводена од СДСМ два мандата.

Ова се општините за кои беа поднесени приговори за постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето или за самата постапка за гласање, од кои за 16 ДИК објави конечни резултати, а на 2 ноември на вториот круг од локалните избори ќе прегласува на избирачките места во Шуто Оризари.

ДИК претходно минатата недела објави дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19 октомври за избор на советници во општините и во сите овие општини гласањето е завршено и резултатите се конечни. Тоа се: Арачиново, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Врапчиште, Град Скопје, Берово, Битола, Боговиње, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебар, Дебрца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Конче, Кисела Вода, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Липково, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пласница, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево и Штип.

Членовите на ДИК донесоа одлука и за назначување избирачки одбори, кои ќе го спроведат повтореното гласањето за членови на Совет на избирачките места во Шуто Оризари, откако по одлуките на Управниот суд Комисијата вчера едногласно ги разреши избирачките одбори од поништените места.

Би можело да ве интересира

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Победа во вториот круг во Скопје, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари значи напредок, развој, многу работа и проекти

ДИК разрешени избирачките одбори во две избирачки места во Шуто Оризари

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Лабудовиќ: Еднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар чија пензија не е повисока од просечната