ДИК ги објави конечните резултати: Сашко Николов има најмногу гласови на изборите во Штип

Од:

Државната изборна комисија денеска на седница ги соопшти конечните резултати од гласањето за градоначалник на изборите во Штип, што се одржаа на 13 декември. На гласањето на предвремените избори за градоначалник на Штип победи Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со 11.477 гласа.

Кандидатот на Интегра Симон Поликарп освоил 1.179 гласови, на коалицијата Иднина во нашите раце Гоце Ангелов 267, независниот каднидат Трајчо Митев 280, а на ТМРО Лазар Наумов 282.

Право на глас на предвремените избори во Штип имаа 41 777 гласачи. Правото на глас го искористиле 14.301 гласач, неупотребени биле 26.845 ливчиња, важечки 13.485, а неважечки 816 гласачки ливчиња.

На 13 декември за градоначалник освен во Штип се гласаше и во Пласница.

Конечните резултати за Пласница беа соопштение на седницата на ДИК во четвртокот. Најмногу гласови 1.696 освои кандидатот на ДУИ Алија Јаоски.

Николов и Јаоски ќе бидат градоначалници на Штип и Пласница се до одржувањето на локалните избори пролетта 2022 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа