ДИК ги објави кандидатските листи за предвремените избори

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на својата веб – страна ги објави листите на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

На изборите на 11 декември ќе учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда – Трет блок и Коалиција ВМРО за Македонија поднесоа кандидатски листи за сите шест изборни единици и за дијаспората. ДПА поднесе кандидатски листа во Првата, Втората, Третата, Петата и Шестата изборна единица. ПДП поднесе кандидатска листа само во Изборната единица 6. Либералната партија поднесе кандидатска листа во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица. Левица поднесе кандидатски листи во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица. Движење Беса пондесе кандидатски листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. Коалиција „Алијанса за Албанците“ поднесе листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица.

Во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори се запишани вкупно 1.784.524 лица со право на глас.

Кандидатските листи може да се најдат на следниот линк :http://www.sec.mk/listi-za-predlaganje-na-kandidati-za-izbor-na-pratenici-vo-sobranieto-na-republika-makedonija/​.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа