ДИК до недела на полноќ треба да ги потврди листите за кандидати

Од:

Партиите ги доставија листите, сега Државната изборна комисија најдоцна до недела на полноќ треба да ги разгледа и потврди листите за пратеници кои партиите ги доставија за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември, односно 48 часа од доставувањето на листите.

Во случај членовите на ДИК да констатираат неправилности, според Изборниот законик, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се изврши на 20 ноември.

Покрај пријавувањето на листите, на полноќ истече и рокот за пријавување државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, но и за лицата со спорни записи и увидот во избирачкиот список.

Од Комисијата соопштија дека 20.293 пријави од државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706. Најмногу пријави, како што соопштија од ДИК има од Берн, Детроит и Венеција, од каде е и носителот на листа во на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Рамазам Мифтароски.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто