ДИК до 22.35 часот: 229.428 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 206.075 за СДСМ

Од:

Според податоците на Државната изборна комисија до 22:35 часот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 229.428 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 206.075 гласови.

ДУИ освоиле 38.085 гласови, БЕСА 23.049, Алијанса за Албанците 15,261, ДПА 13.650, „ВМРО за Македонија“ 11.421, Левица 4.575, Коалиција за промени и правда Трет блок 4.394, Либералната партија 1.742 и ПДП 496 гласови.

ДИК  сукцесивно ги објавува податоците  испратени електронски од општинските изборни комисии.

Околу полноќ се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првичните резултати од денешните предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште