ДИК демантира дека има испечатено 80.000 пробни гласачки ливчиња

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва во целост ги демантираше, како што стои во соопштението, дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно осумдесет илјади пробни испечатени гласачки ливчиња.

ДИК има целосна контрола врз изборниот процес, а особено врз печатењето на доверливиот изборен материјал.

– Изводите од Избирачкиот список се испечатени, проверени, потврдени и потпишани од сите членови на Државната изборна комисија. Исто така, испечатени се и гласачките ливчиња и се пакуваат за достава до надлежните општински изборни комисии во наредните денови, стои во соопштението од ДИК.

ДИК информира дека утре во нејзините простории ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште