Дик Чејни упати остри критики до Обама за именувањето на новите функции

Од:

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни доцна синоќа изјави дека претседателот Барак Обама ја доведува во ризик националната безбедност на земјата со именувањето на „второкласни“ луѓе на клучни функции во својот кабинет и дека со тоа ги понижува безбедносните сили.

Чејни, кој по потекло е од државата Вајоминг, зборуваше пред околу 300 приврзаници на Републиканската партија во градот Чајен. Тој истакна дека Обама за државен секретар, министер за одбрана и директор на ЦИА поставил „луѓе од втора класа“.

Џон Кери, кој беше претседателски кандидат на демократите во 2004 година, веќе ја презеде функцијата државен секретар, додека номинираните за први луѓе на ЦИА и на Пентагон, Џон Бренон и Чак Хејгл уште чекаат да бидат одобрени од Сенатот.

Чејни нагласи дека Хејгл е избран за да може претседателот да ги обвини републиканците за евентуалното големо намалување на трошоците за одбрана. Тој предупреди дека одлуките на Обама ќе ги ограничат можностите на следните претседатели да реагираат на кризи во странство.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок