(ВИДЕО) ДИК: 36,56 проценти излезност во дијаспората

Од:

Вкупно 36,56 отсто, односно 985 лица гласале денеска во странство, каде на 33 места право на глас имаа 2.694 лица, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.

Поради временската разлика сѐ уште се отворени шест места во Канада, САД и Лондон. Пет избирачки места од Канада и САД не се вклучени во бројката.

Според податоците што ги соопшти ДИК, во затворите излезноста била 64,69 отсто.

Од 1859 кои гласаат дома, односно болни и немоќни гласачкото право го оствариле 1520 гласачи, но гласањето се уште трае.

Во врска со инцидентот што денеска се случи во Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.

Денеска на референдумот гласаа болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Македонија што живеат во странство.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино