Дијалог за политичкото учество на младите со пратениците од Западен Балкан

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска и утре ќе се одржи дијалог на високо ниво за политичкото учество на младите и младинските политики со пратениците од Западен Балкан насловен „Премостување на празнината“.

Поздравно обраќање ќе има претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, а копретседавачи на воведната сесија ќе бидат потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на програмата на млади политички лидери, Фабио Масимо Касталдо и пратеничката во македонското Собрание Ивана Туфегџиќ.

Предвидени се повеќе работилници на теми: „Учеството на младите во политиката“, „Вработеност кај младите, раст и одлив на мозоци“, „Лажни вести и дезинформации“ и „Помирување и наследство од минатото“, по што ќе се одржат панел-дискусии во работилниците.

Во рамки на дводневниот форум утре на темата „Поттикнување политички диојалог и консензус“ ќе говорат претседателот на Собранието Џафери европратеникот Едуард Кукан и Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при македонскиот Парламент. На крајот од конференцијата ќе бидат презентирани заклучоци и препораки.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on