Дијабетичарите бараат оставка од Тодоров

Од:

По повод светскиот ден за борба против дијабетесот, дијабетичарите и родителите на децата со дијабетес незадоволни од нивниот третман му предлагаат на министерот за здравство, Никола Тодоров да си даде оставка.

Во дописот до медиумите, од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ му предлагаат на Тодоров, бидејќи „се грижел“ за заштедите во буџетот на Македонија, што се покажало со инсулинската криза во Македонија, да се преротира во министер за финансии и економија.

„Што се однесува пак до колку вештачки, толку и намерно предизвиканата инсулинска криза во државата, а која благодарение на упорноста на самите дијабетичари и донацијата на “спорните” инсулини вредна близу 700 000 евра од страна на Новонордиск – Македонија брзо се надмина, само уште еднаш јасно ќе нагласиме: исто така жестоко ќе реагиравме и ќе се боревме против административна промена на терапија наметната од ваша страна, а се со цел да се заштедат средства и доколку се потрошеа залихите на било кој од инсулините на другите производители. Овој пат министере Тодоров, а по повод Светскиот ден на борбата со дијабетесот, би Ви го предложиле следново: ОСТАВКА! – oд местото минисер за здравство. Или, можеби подобро, предлог до премиерот Груевски: бидејќи министерот за здравство е многу “брижен” за заштедите од буџетот на РМ, а на сметка на здравјето на околу 43.000 лица со дијабетес, да ве “преротира” во минисер за финансии или економија или можеби и да измисли некој ресор кој што ќе одговара само на вашите квалитети и да ви дозволи да го „разработите“ и да го направите профитабилен“ се вели во соопштението на асоцијацијата.

Иако, како што велат од здружението, инсулинот се аплицира поткожно, во Македонија и кај бебињата и кај децата се прима мускулно и со иста големина на игли.

„Дали министре сте чуле дека скоро секаде во светот освен 6мм (шест милиметарски) игли за инсулинските пенкала (оние потрошните), постојат и 4мм, 8мм, 10мм? А се употребуваат во зависност од физичката градба и дебелината на поткожно ткиво. Кожата и поткожното ткиво на бебе и возрасен не е иста. А за болката при апликацијата веројатно најдобро знаат децата. Ние само ќе ве информираме дека цената на една кутија со 100 игли, а која еден дијабетичар ја троши во просек за месец до два, е околу 20 евра. И исто така ќе ве информираме дека во иднина ќе се заложиме овие игли да се најдат на позитивната листа“, бараат дијабетичарите.

Освен иглите, тие бараат и глукомерите, апаратите за мерење на шеќер во крвта кои вршат мониторинг на шеќерот во крвта за децата да се најдат на позитивна листа.

Дијабетичарите апелираат дека никој не ги информира ниту родителите, ниту децата дека е битно мерењето на кетони во урината, посебно кога децата се во пубертет, и кога во тој период шеќерот е најмногу варијабилен.

Според податоците на здружението, во Македонија има приближно 200.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив околу 43 000 лица примаат инсулин. На детската клиника на годишно ниво се регистрираат приближно 30 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависен).

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство