Диџеј Леа на „Калефест“

Од:

Кичево утре ќе биде домаќин на четвртиот по ред фестивал за електронска музика „Калефест 2012“. Ѕвезда на вечерта ќе биде 27-годишната белграѓанка Леа Добричиќ, новата кралица на андерграудот во Србија.

Таа веќе 13 години работи како диџеј и продуцент. Омилени стилови и се тек-хаус, минимал и техно, а досега има настапувано во клубови ширум Италија, Хрватска, Швајцарија.

Таа денес е претставник на новата клубска сцена во Белград. Има сетови во популарните клубови како Мамоло, Кц град, Тјуб, Бигз и други, а годинава настапи и на „EXIT“ фестивалот на Урбан Бeг стејџот.

„Таа има чувство за публиката, има харизма и изгледа добро. Но, за разлика од другите женски диџеи во Србија, таа не е само селебрити девојка од телевизија која сака да биде ДЈ, бидејќи тоа е популарно и кул. Таа знае што прави, а нејзината продукција е се подобра“, велат организаторите.

Освен Леа, на сцената што ќе ја подготви „Биг Саунд“, свои сетови ќе имаат и скопскиот диџеј Флудер, битолските Горан Тек и К.Петровски, како и неколкумината кичевски диџеи, дел од „ДБР група“, која е и организатор на настанот, што се одржува под покривителство на општината.

Би можело да ве интересира

Xiaomi Fan Festival 2026: Месец на посебни поволности и паметни решенија

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

Under 600 – новиот фестивал на независна театарска продукција

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

МНТ со претставата „12“ на фестивалот „Охридско лето“