ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Од:

Државниот испитен центар (ДИЦ) демантира објави во некои медиуми дека се пробиени тестови од државната матура и појаснува дека имало споделување на тестови во вибер-групи откако почнало полагањето на испитот.

– Тестовите од Државен испитен центар не се пробиени. Тестови не се пробиени до 10 часот кога почна тестирањето, тестови се споделени во вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш тестот не е пробиен, туку бил споделуван откако е започната реализацијата на испитот, соопшти ДИЦ.

Наведува дека како и во минатите години, пред почетокот на државната матура апелирал до сите матуранти и до сите што се вклучени во реализацијата на испитот да се почитуваат правилата за изведување на државната матура.

– Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата. Тој процес е најпрофесионално извршен од ДИЦ, посочува Државниот испитен центар и информира дека ќе постапи согласно законот доколку се нарушени правилата за реализација на испитите.

Матурантите денеска од 10 часот го полагаа вториот екстерен испит кој е изборен од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски, Француски, Руски јазик, Филозофија и Естетика.

Би можело да ве интересира

Јаневска очекува годинава да нема препишување при полагањето на матурата

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

A1on

Продолжува штрајкот на синдикатот на ДИЦ, нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници

Синдикат на ДИЦ: Од првата државна матура се бориме таа да се полага во големи простори или со блокатори, но досега не сме добиле дозвола

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска