Девојка тешко повредена во сообраќајка кај кумановски Умин Дол

Од:

Дваесет и деветгодишната Е.Д. од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил автомобил „БМВ“ со скопски регистарски таблички, информираа од МВР.

Сообраќајната несреќа се случила денеска претпладне во 10.40 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, во село Умин Дол, кога во пешакот удрило „БМВ“ кое го управувал 31-годишниот А.Ш.

Повредената е префрлена првин со возило на итна помош, а по пружената помош на одделението за хирургија од кумановската болница, поради тешките телесни повреди е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Сообраќајот на регионалниот пат се пренасочува, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он