Девојче загинало во несреќата во Илинден – потврдија од противпожарната бригада

Од:

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески потврди за „А1он“ дека во несреќата во Илинден има починато лице.

„Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна“, вели Томески за „А1он“.

Инцидентот кој се случил доцна вечерва околу 21 часот во полиција го пријавил С. К. Кој кажал дека во населба Илинден  кај железничката  станица,  од страна на малолетни лица опожарена  е цистерна.  Двете малолетни деца се кај него дома и по извршениот разговор  со децата  посочено е дека на  цистерната најверојатно има  малолетно женско лице  и истото е починато, се вели во првичната информација од МВР.

Сепак МВР првично немаа потврдена информација за починато лице, освен кажувањето на малолетниците дека на местото има починато малолетно женско лице. На терен веднаш биле повикани противпожарната бригада, брза помош, а се упатиле и полициски службеници за расчистување на случајот.

По интервенцијата на противпожарната бригада, изгаснат е пожарот и спречено е да се прошири на останатите вагон – цистерни. По што било и пронајдено телото на починатото девојче.

Идентитетот како и точната причина за смртта ќе се утврдуваат дополнително.

Би можело да ве интересира

Железница ја отфрла одговорноста за 14-годишното девојче-младите треба да знаат дека 25.000 волти може да ги однесат во смрт

A1on

Нема пожар во складиштeто на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден

Горан Наумовски

14 години имало девојчето што загина во Илинден, се качило на вагонот и допрело до жиците за струја под висок напон

Катерина Ѓуровски

Детали за трагедијата во Илинден: Струен удар го опожарил вагонот-цистерна – починатото девојче било на вагонот

Анита Петровска Рајковиќ

Трагедија во Илинден – изгоре девојче на опожарена вагон цистерна

Анита Петровска Рајковиќ