Деветмина повредени во сообраќајка во скопски Чаир

Од:

На 4.10.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски