Деветмина повредени во сообраќајка кај Зајас

Од:

На 17.7.2022 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со белгиски национални ознаки, управувано од А.Х.(34) од селото Пласница и „ауди a2“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) од Кичево.

Притоа, возачот на возилото „ауди а2“ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.

Со телесни повреди се здобиле Л.Ј.(50) од селото Зајас, сопатник во возилото „ауди а2“, како и возачот на возилото со белгиски национални ознаки и сопатниците А.Ј.(54), Н.Н.(50), Н.Л.(38), Р.Н.(49) и А.Х.(46), сите од Пласница.

Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он