Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид

Од:

МВР извести дека вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.

– Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.

Пред неколку дена, на 14 мај 2024 година, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат. Бебето било донесено во болница од неговата мајка. Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

Би можело да ве интересира

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Полицијата во Словачка пронајде мртво новороденче во машина за перење

А1он

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе

Мајката се породила дома, мртво новороденче донесено на Детска клиника

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето