9-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во скопско Студеничани

Од:

Деветгодишник кој управувал велосипед е тешко повреден во сообраќајна несреќа во село Студеничани, Скопско во која учествувало и возило „Рено Меган“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.М. (33) од село Зелениково.

Како што информира МВР во дневниот билтен, сообраќајката се случила вчера околу 14:54 часот на влезот во Студеничани.

– Во незгодата со тешка телесна повреда (скршена бутна коска) се здобил малолетникот. На повредениот му била укажана лекарска помош во Универзитетскиот центар – Скопје, наведуваат од МВР.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он