Девет мигранти пронајдени во возило што излетало од патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Од:

Утрово, во 06.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401 Валандово-Струмица патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале 9 лица – мигранти од Сирија, информира МВР.

– Еден од мигрантите се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициска станица Валандово. Мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка