ВИДЕО: Девет години затвор за првообвинетиот во грабежот на НЛБ банка

Од:

Вкупно 20 години казна затвор за обвинетите во грабежот на НЛБ банка. Првообвинетиот во случајот, Бобан Смилевски доби 9 години и 2 месеци затвор за кривичните дела затајување и тешка кражба. На Смилевски исто така му е забрането да го оттуѓува станот од 55 квадрати кој е на негово име.

Второобвинетиот, Горан Смилевски доби шест и пол години исто така за затајување и тешка кражба. Борис Мичевски, третообвинет во случајот, доби 5 години и 2 месеци додека пак четвртообвинетиот доби условна казна за затајување.

Судот ги задолжи осудените да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ банка. На почетокот на судската постапка против нив, обвинетите го признаа делото, но пред судот не открија каде се парите.

Првообвинетиот Бобан Смилевски изјави дека бил задолжен и дека за тоа му се заканувале, па морал да ја ограби банката.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он