Деведесет и седма седница на македонското Собрание

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 97. седница со расправа за закони од повеќе области.

Пратениците треба да одлучуваат за предлог закони за ратификација на договорите меѓу Република Македонија и Црна Гора за правна помош во граѓански и кривични предмети и за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети.

На дневен  ред на седницата се предлог законите за  изменување и дополнување на законите за сигурност во железничкиот систем, за научно – истражувачката дејност, за иновациската дејност, за слободен пристап до информации од јавен карактер,  за  здруженија и фондации, за спортот,  за медијација, сите по скратена постапка.

Собранието ќе расправа и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за основање државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за управната инспекција, за електронско управување, за архивски материјал, за организација и работа на органите на државната управа,  за инспекциски надзор, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за лековите и медицинските средства, исто така по скратена постапка.

Пратениците треба да се изјаснат и за предлог законите по скратена постапка за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за минерални суровини, за енергетика, за трговија, за стандардизација, за индустриска сопственост, за Државен пазарен инспекторат, за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, за туристичката дејност, за контрола на предмети од скапоцени метали, за градежните производи,…

Дел од дневниот ред се и предложените измени на законите за заштита на топографијата на интегралните кола, за метрологијата,  за техничката инспекција, за акредитација, за заштита на конкуренцијата, за безбедност на производите, за угостителската дејност, за шумарска и ловна инспекција, за ветеринарно-медицински препарати, за нус производи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој,  за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, по скратена постапка.

Ќе се расправа  и за измени на  законите за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за водите, за матичен број, за гранична контрола, за оружјето,за личното име, за азил и привремена заштита, за детективската дејност, за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, за приватно обезбедување, за државјанството на Република Македонија, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта, за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, како и Предлог на закон за зеленило, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители