Детските градинки во општина Гевгелија фунционираат без проблем

Од:

Во шесте детски градинки на територијата на општина Гевгелија, кои функционираат во состав на јавната општинска установа „Детска радост“ по отворањето, децата се згрижуваат без проблем согласно протоколите и примената на заштитните мерки од корона вирусот.

– За нас здравјето на децата е во преден план што беше потврдено и викендов од страна на работната група од Министерството за труд и социјална политика која изврши надзор на згрижувањето и престојот на децата во градинките како и врз почитувањето и примената на протоколите за работа, рече директорката Елизабета Стефановска.

Посочи дека градинките во гевгелиско згрижуваат 440 дечиња согласно условите пропишани со протоколот, дека немало реакции од родителите при вршење на задолжителното прегрупирање на децата и оти на некои родители им е излезено во пресрет за усогласување на термините за нивните работни обврски и времето за носење на децата во градинките.

– Најважно за нас е што дечињата повторно се радосни откако им е вратија на предвидените активности. При нивното доаѓање во градинките им се мери телесна температура, се води сметка за потребната дистанца и се врши редовна дезинфеција на објектите заради задоволување на заштитните мерки, вели Стефановска.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија