Детскиот дом „11 Октомври“ доби донација од Амбасадата на Хрватска во земјава

Од:

Донација во форма на лаптопи, принтери, технички помагала, како и прехранбени производи денеска доби Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија.

Повод за донацијата, како што информира хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ, е Денот на државноста на Република Хрватска, 30 мај.

– Бидејќи не можеме да го организираме нашиот вообичаен дипломатски прием, оваа година решивме да го посетиме Домот за деца без родителска грижа. Без оглед на Денот на државноста, веруваме дека ова е одлична идеја и тоа беше направено во координација и во заедничка акција со Хрватскиот бизнис клуб во Скопје, па затоа сум особено задоволна и почестена што можеме да сториме такво хумано дело, за поддршка на вработените во домот, но и да испратиме порака на тие деца дека не се заборавени, рече амбасадорката Тигањ, додавајќи дека пораката е упатена и до другите структури и заедници да се вклучат во таква акција и да се сеќаваат на овие деца.

Донацијата, посочи таа, се состои од производи на еминентни хрватски компании кои се во Северна Македонија.

– Сметам дека дониравме навистина квалитетни производи што ќе користат долгорочно и од кои овие деца ќе имаат корист, рече Тигањ.

Директорката на Домот, Соња Стамевска се заблагодари на амбасадорката и посочи дека дел од оваа донација е предвидена и за центарот за згрижувачи кој е во план да се отвори за кратко време.

– Се одлучивме на тие технички помагала, некои кои ги предвидуваме за центарот за згрижувачи којшто планираме да се отвори многу брзо, за којшто се најавува веќе еден период со оглед на деинституционализацијата, и првиот чекор кој беше на промена на обликот на живеење, од овие гломазни институции во мали групни домови, така што овој центар ќе дава помош и поддршка на згрижувачите семејства, рече Стамевска.

Додаде оти се надева дека соработката нема да застане, туку дека ќе се развие и ќе биде на многу повисоко ниво, но и оти ќе продолжи со некои институции од социјална дејност кои се наоѓаат во Хрватска, се со цел, како што рече, да се направи меѓусебна соработка која ќе вроди со плод.

Би можело да ве интересира

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Полицијата истражува симпатизери на ЗДС и десничарската ХДЗ поради фашистичките поздрави

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

Снег паѓа во Хрватска

А1он